Професионална системска коучинг програма со соматски пристап, наменета за оние кои сакаат да започнат професионална коучинг кариера или да ги надградат своите вештини за работа со индивидуалци, тимови и организации.
Програмата содржи 156 часа едукација и практична работа, 7 модули и 2 искуствени ритрити и поседува меѓународна акредитација на Master Level, Level 5 од IAPC&M.
Почеток: 17 и 18 октомври 2026
Не е доволно само да знаете коучинг техники. Важно е да бидете и да се чувствувате коуч на ниво на идентитет.
Професионалната системска коучинг програма нуди холистичко-системски пристап за водење и коучирање на индивидуалци и тимови на четири полиња: ментално, енергетско односно емотивно, поле на телото и поле на душата, системот.
Системскиот коучинг ја проширува традиционалната рамка на коучинг преку системски пристап и прашања, констелациски методи и соматска свесност. Посебна вредност на програмата е соматскиот пристап, кој ги интегрира физичката свесност, дишењето и соматските промени во коучинг процесот.
Во програмата ќе научите да препознавате скриени системски динамики, да работите со коренот на предизвиците, да го разбирате системското поле на клиентот, тимот и организацијата и професионално да работите со соматски промени.
Програмата се реализира преку 7 модули и 2 искуствени системски коучинг ритрити, со вкупно 156 часа теоретско, искуствено и практично применливо знаење.
Наменета е за лидери, менаџери, HR професионалци, тим лидери и професионалци кои работат со луѓе, како и за оние кои сакаат професионално да се занимаваат со коучинг како основен или дополнителен кариерен ангажман.