Со задоволство ве покануваме да бидете дел од првата меѓународна коучинг конференција, настан кој ветува дека ќе инспирира, едуцира и ќе го издигне коучингот како професија на највисоко ниво.
Резервирајте ги 6 и 7 ноември за незаборавен настан кој ќе ни овозможи заедно да го доживееме влијанието и моќта на професионалниот коучинг.
Коучинг конференцијата ќе собере професионални коучеви, инспиративни лидери и експерти од различни области на едно место, со цел да ја истакнеме поврзаноста на лидерството и коучингот, да ги приближиме најновите трендови од областа на коучингот и преку вмрежувањето да поттикнеме трансформација.
Ние веруваме дека животот е процес, а развојот е опција!
Затоа лидерството на 21 век бара холистички пристап и е насочено кон развој на индивидуата со цел преку неа да влијае на развојот на системот. Покрај вештините за водење на процеси, потребни се и вештини за водење на луѓето кои се дел од процесот.
Коучингот како методологија му е потребна на секој кој управува со процеси и луѓе!
Коучингот сам по себе поттикнува процес, додека коучот е лидер на процесот!
Затоа сите наши професионални коучеви за вас спремија интерактивни излагања со цел кај секој од вас да поттикнат прашања, да ја прошират вашата рамка на размислување, да ви овозможат нови увиди за тоа како поедноставно да се водите себе си, вашата работа, семејството, тимот и организацијата.
Сите интерактивни презентации имаат за цел да ве збогатат вас како личност, независно од тоа дали вашите предизвици или цели се однесуваат на индивидуално или на професионално поле.
Очекувајте 2 дена исполнети со богати содржини, едукативни презентации, инспиративни дискусии и секако забава и дружење.
За кого е наменета оваа коучинг конференција?
За бизнис професионалци од сите области, основачи на семејни бизниси, професионални коучи, терапевт и психолози, за сите индивидуалци кои сакаат да го збогаат своето знаење и да ја искусат моќта на коучингот.