Марина Анчевска е основач на првиот меѓународно акредитиран Центар за бизнис психологија, Системски НЛП, во Македонија (основан 2007 година).
Преку долгогодишното успешно работење на овој реномиран центар, Марина неуморно се залага неформалното образование да го добие своето заслужено место во образовниот систем во Македонија.
Анчевска како меѓународно сертифициран и акредитиран НЛП Мастер Тренер и Системски Коуч ги поддржува индивидуалците и компаниите во процесот на трансформација со цел да ја креираат посакуваната иднина.
Нејзините сертификати и акредитации се издадени од реномирани светски образовни центри и асоциации:
Accredited Fellow Coach and Mentor by International Authority for Professional Coaching & Mentoring (IAPC&M)
Accredited NLP Master Trainer by The American Board of NLP – ABNLP Member of The Association for NLP – ANLP
TIME LINE THERAPY® Master Practitioner
at The Tad James Co.
“Животот е процес, а развојот е избор!” е нејзиното животно мото кое ја води низ предизвиците и животот во целина. Затоа постојано инвестира во својот личен и професионален развој и на тој начин е инспирација за многу луѓе.
Преку нејзиниот холистички пристап како и нејзината професионалност, доследност, креативност, љубопитност и отвореност кон луѓето, процесите и животот во целост, е мотивација за секој кој е дел од нејзините индивидуални или групни тренинзи, обуки и разни настани кои неуморно ги одржува изминатите 17 години.
Нејзината мисија е: Да ги инспирира луѓето да креираат одржлива трансформација и чувство на припадност со цел да го развијат својот уникатен идентитет!