Џон Витингтон е Основач на методологијата “Коучинг констелации„. Во септември 2020 година, неговата книга „Системски коучинг и констелации“ беше објавена во проширено трето издание и сега е достапна и кај нас преведена на македонски јазик.
По дваесет години работејќи како менаџер, а потоа и како бизнис лидер, неколку години поминал во обуки за констелации. Тогаш обуките ги држел како коуч. Во 2008 година Џон оформил неформален круг за учење со цел да ги сподели ставот, принципите и практиките што го поткрепуваат системскиот коучинг. Со текот на времето тоа прераснало во акредитирана обука и во 2009 година се родила методологијата “Коучинг констелации„. Сега, Џон е ментор на тимот за фасилитација и ги води меѓународните обуки „по покана“.
Во 2011 година, Џон бил поканет да стане визитинг тутор на Бизнис школата „Хенли“ – предавајќи системски коучинг и констелации на студенти запишани на програмата за магистерски студии по Тренинг и бихевиорални промени на Бизнис школата „Хенли“ во Обединетото Кралство, а исто така и во Јоханесбург. Во 2023 година, на „Хенли“ била интегрирана целата обука за „Основи, дел I“ во нивните магистерски студии по Коучинг, а сето тоа сега е олеснето со самото присуство на членовите на наставниот тим на “Коучинг констелации„
Џон Витингтон пишува и на неговата интернет страница Life Love Leadership, на теми за кои се заинтересирани неговите клиенти и студенти. Сите негови статии и работилници се достапни во онлајн заедницата што тој ја води, со цел да понуди пристап до сè поголемото знаење за динамиката на системите. Преку таа платформа, Џон нуди специфични работилници за констелации за одредени теми, како и споделување написи за многу теми.
По добиена покана, кон крајот на 2023 година, Џон почнал да ја предава наставната програма за Коучинг констелации во Австралија и сега, двапати годишно, таму работи како фасилитатор за да го задоволи значителниот бран на интерес и апетит за применетата филозофија што го поткрепува овој пристап кон коучингот.